Од вкупно 401 објект, на 232 (57,9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42,1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти

Во јули годинава се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7,2 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31 699 433 илјади денари, што е за 345,3 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (56,9 %) се наменети за објекти од високоградба, 46 (11,5 %) за објекти од нискоградба и 127 (31,7 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 401 објект, на 232 (57,9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42,1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60 676 квадратни метри.