„Покрај тоа, им се заканувал дека ќе им поднесе тужби за клевета со барање за отштета од 100 000 евра, велејќи им дека тој може да влијае на судии и адвокати, дека имаат деца на кои треба да мислат и дека ќе ги изгубат работните места. Откако одбиле да потпишат таква изјава, им поведувал дисциплински постапки и ги прераспредувал на работни места во Обвинителството“, пишува во образложението за обвинението
Покрај ова обвинение, обезбедени се докази и поднесен е обвинителен предлог во однос на службеното постапување на Хајрулахи и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје со кој се товарат дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувања
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Штип поднесе обвинение против суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје дека цела година во службените простории, во текот на работното време и активности, се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени, со цел да им нанесе душевна болка преку понижувачко постапување.
Против Хајрулахи е поднесено обвинение за пет кривични дела, што се однесуваат за малтретирање во вршење на службата. Покрај тоа, протов него и уште еден јавен обвинител од ВЈО Скопје е поведено обвинение за друго кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во образложението за едното обвинение, од Обвинителство велат дека обвинетиот во периодот од септември 2023 година до 24 октомври 2024 година, користејќи ја неговата службена хиерархиска поставеност, во повеќе наврати грубо им се заканувал на пет вработени жени во Вишото јавно обвинителство Скопје дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа.
„Им велел дека ќе ги дигне на клоци, дека ќе ги фрли од шести кат, дека ќе ги стави во притвоор и под посебни истражни мерки. Дел ги навредувал дека му го грделе Обвинителството и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Не можејќи да ги поднесат заканите и психичкото насилство со понижувачко постапување од обвинетиот, оштетените се обратиле писмено до Јавното обвинителство на РСМ, до Советот на јавните обвинители на РСМ и до Основното јавно обвинителство Скопје, со барање за преземање итни мерки во врска со неговото однесување, но и за нивна заштита.
Откако обвинетиот дознал за испратените писма, ги повикал насамо, секоја поединечно во неговата канцеларија, каде продолжил да врши психичко насилство врз нив, принудувајќи ги да напишат писмени изјави дека биле изманипулирани.
„Покрај тоа, им се заканувал дека ќе им поднесе тужби за клевета со барање за отштета од 100 000 евра, велејќи им дека тој може да влијае на судии и адвокати, дека имаат деца на кои треба да мислат и дека ќе ги изгубат работните места. Откако одбиле да потпишат таква изјава, им поведувал дисциплински постапки и ги прераспределувал на работни места во Обвинителството“,
пишува во образложението за обвинението.
Според Обвинителството, кога две од оштетените веќе не можеле да го издржат притисокот и заканите, чувствувајќи страв напишале изјави со содржина по негово барање, по што тој презел дејствија со кои ги пречекорил границите на своите службени овластувања, а со намера дополнително да ги повреди нивните права.
„Без одобрение за нивно понатамошно постапување до институцијата, ги заверил личните изјави доставени во неговата канцеларија со приемен печат на Вишото јавно обвинителство Скопје, па на 16 октомври 2024 година на сите им доставил писмени барања за јавно извинување и јавно повлекување во рок од 48 часа. Иако барањата биле лични, тој самиот ги поднесувал со цел да направи притисок врз вработените, а иститие ги завел со Резолуција ‘А‘ во Уписникот ‘А‘ на ВЈО Скопје, спротивно на Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства“,
велат од Обвинителството.
Потоа, на 24 октомври 2024 година, тој одржал состанок со сите вработени од јавнообвинителската служба, кога пред сите продолжил со психичкиот притисок врз петте вработени жени, на начн што ги изнесувал наводите од нивното барање, ги исмевал и ги понижувал пред останатите. Побарал од сите вработени што не биле потписници на барањето до институциите, да напишат своерачни изјави во кои ќе опишат каков е тој како шеф.
Како резултат на неговото однесување, како што наведуваат од Обвинителството, една од вработените се разболела и добила анксиозно растројство.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерки на претпазливост, односно обвинетиот повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа, како и забрана за приближување или контактирање со оштетените.
Покрај ова обвинение, обезбедени се докази и поднесен е обвинителен предлог во однос на службеното постапување на Хајрулахи и уште еден јавен обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје, со кој се товарат дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластувања.
„Обвинетите од јануари 2023 година до август 2024 година заедно и со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со тоа што преземале службено дејствие со кое ги пречекориле границите на своите службени овластувања“,
пишува во соопштението.
Така, спротивно на Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства, примените писма, кои по отворањето му биле предавани од страна на овластениот јавнообвинителски службеник за прием, првообвинетиот ги задржувал и барал да не бидат заведени истиот ден или редоследно, туку да бидат заведени неколку дена подоцна и под различен датум од приемниот.
Истовремено, барал од службениците тие предмети директно и без многу врева да му бидат доделувани на второобвинетиот.
Со тоа, обвинетите функцијата јавен обвинител ја вршеле незаконито, пристрасно и субјективно, со непочитување и без заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот и правата на другите правни субјекти.
Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во јуни годинава донела одлука дека суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, сторил тешки дисциплински повреди, односно дека намерно и неоправдано направил крупни професионални грешки.
Освен за Хајрулахи, Комисијата донела одлука и за вишиот обвинител Јован Цветановски, кому, како што соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ), му е одредена казна намалување на платата.
Хајрулахи најави дека ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители бидејќи смета дека единствената причина за целата хајка против него е постапката за бонусите за ангажираните во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, врз основа на наодите за констатираните состојби од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство Скопје, во декември минатата година достави предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи, и еден јавен обвинител, поради нестручно и несовесно работење во четири предмети во кои се откажал од жалба или обвинение.
По доставениот предлот од Коцевски, Цветановски и Хајрулахи негираа дека местеле предмети. Цветановски рече дека немал законска обврска да го консултира Коцевски каква одлука да донесе. За конкретните случаи рече дека биле без докази, а обвиненијата нарачани.
Скопскиот виш обвинител Мустафа Хајрулахи рече дека ниту имало ниту ќе има местење предмети.