Детето, најверојатно, загубило рамнотежа додека со сестра си играле миење прозорци
Полицијата во германскиот град Росток истражува дали родителите ги прекршиле законските обврски за грижа за децата
Седумгодишно момче паднало низ отворен прозорец на станот во кој живее и завршило во дворот на зградата во германскиот град Росток, јавуваат тамошните медиуми. Момчето има тешки повреди по падот од десет метри висина, но животот не му е доведен во прашање.
Најверојатно, детето загубило рамнотежа додека со сестра си играле миење прозорци. Според полицијата, родителите не биле дома во моментот на инцидентот и тврделе дека го заклучиле прозорецот и го сокриле клучот. Но, децата го нашле клучот и го отвориле прозорецот.
Полицијата истражува дали родителите ги прекршиле законските обврски за грижа за децата.