До среда ќе се задржи сончево и топло време, а од четврток до недела ќе биде променливо облачно и нестабилно со пад на дневната температура

Сончево и топло време со мала до умерена облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 17 Целзиусови степени, а дневната од 24 до 34 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 16 степени наутро до 33 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат слично време на денешното – сончево и топло со мала до умерена локална облачност. И утре ќе дува слаб до умерен ветер кој наместа вдолж Повардарието ќе биде повремено засилен од јужен правец.
Температурата утре ќе биде од 28 до 35 степени.
В среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од четврток до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.