Таа порача и дека само во европски амбиент се креира европска иднина
Денес, 34 години потоа, во свет заснован на сила, а не на право, сè уште водиме битка за суверена, рамноправна, модерна, стандардна, европска, правна држава, членка на Европската Унија, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 34-годишнинатата од осамостојувањето на државата.

Во честитката по повод 8 Септември таа вели дека изминатите три децении се соочуваме со бројни внатрешни поделби и кризи, со надворешни предизвици и со отстапки и компромиси што не се усогласени со референдумската одлука од 1991 година и со меѓународното и националното право.
„Политиката, за жал, нè учи дека неправдите не се отстрануваат со потег на перото, туку со макотрпна домашна и меѓународна борба, со правни аргументи и внимателни политички активности, со макотрпно градење пријателски сојузи, а не со непромислени и избрзани акти, со внатрешно единство, а не со поделби, со самопочит, но и со меѓусебна почит“,
вели таа.
Во честитката, претседателката додава и дека никогаш не се откажала и нема да се откаже од македонските национални интереси, како и оти мора да продолжиме да ги реафирмираме и да се бориме за нив и дома и надвор, во европските меѓународни институции, на правен, политички и демократски начин.
„Патот кон правото и правдата води преку европеизирана држава, втемелена на Копенхагенски критериуми, преку демократска свест, ограничена со систем на ефикански спреги и кочници, преку компетитивна и просперитетна економија, преку парципативна политичка култура, преку силно граѓанско општество и слободни медиуми“,
се вели во честитката од претседателката.
Според неа, младите не се задржуваат и стимулираат со партизација и политизација, туку со образование и наука, што даваат знаење, труд и заслуги.
„Ако домата ни е европска, сигурна сум дека нашите деца и внуци ќе сакаат да работат, трворат и растат семејства тука, во нивната дома, или постојано да соработуваат со татковината, ако се надвор, привремено и трајно“,
кажа таа.
На крајот од честитката таа порача и дека само во европски амбиент се креира европска иднина.