Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја десталибизираат државата, а биле финансирани од странски пари?, прашуваат од СДСМ
СДС призна две работи. Прво, дека го следеле и прислушувале претседателот Мицкоски. Второ, дека иако го следеле и прислушувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Не стивнуваат партиските реакции по наводите за прислушувањето.
СДСМ продолжува со серијата прес-конференции насловени „Вистината за АНБ“ и обвинува дека власта одбива да ги декласифицира документите кои би требало да го потврдат случајот со наводното следење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Оттаму велат и дека се саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на АНБ и АР.
„Дали Христијан Мицкоски се плаши од содржината на овие документи кои доколку се декласифицирани ќе ги покажат врските на премиерот со странски служби од непријателски држави? Дали е точно дека оперативната обработка на АР и АНБ која власта одбива да ја декласифицира била во врска со откривање на руски агентурни мрежи, екстремизам и финансирање на дестабилизацијата на државата?
Дали е точно дека Мицкоски иако не бил мета на следење влетал во комуникација со лица кои има за цел да ја дестабилизираат државата, а биле финансирани од странски пари? Дали дел од овие финансии завршиле лично кај Христијан Мицкоски или во сефовите на Белата Палата? Основна цел на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање е да ја штитат државата од странски и домашни непријатели. Дали Мицкоски за торби пари ги продал интересите на сопствената држава на странски непријателски држави?“,
прашуваат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека и партискиот лидер Христијан Мицкоски бил таргет, а дел од функционерите од оваа партија скандалот го израмнија со обид за државен удар.
Пратеникот Бране Петрушевски денеска од партиската говорница порача дека СДСМ се заплеткале во приказната и дека сега се обидуваат да наметнат наративи за материјалите.
„СДС најпрво тврдеше дека не прислушувале, ниту следеле, за да сега ја свртат приказната за 180 степени и низ глупи тези да наметнуваат наратив за содржината на материјалите. СДС призна две работи. Прво, дека го следеле и прислушкувале претседателот Мицкоски. Второ, дека иако го следеле и прислушувале 5 години, не нашле ништо спорно ниту противзаконски, а да имало одамна ќе отвореле постапка. СДС со ова признание го даде најголемиот доказ дека целиот државен апарат бил ставен во функција на тоа тие да опстанат што подолго на власт. ЈО не смее да молчи очекуваме акција и разрешница“,
кажа Петрушевски.
ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА: