Според УХМР, времето во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе биде претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Според УХМР, времето во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок ќе биде претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност.