За ова вечерва информираа прес-службите на Собранието од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши. Оттаму соопштија дека по договор на пратеничките групи, комисиската седница ќе се одржи в среда со почеток во 10 часот
Седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР), која првично беше закажана во 11, па во 17 часот, нема да се одржи денеска.

За ова вечерва преку писмено соопштение информираа прес-службите на Собранието од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши. Оттаму соопштија дека по договор на пратеничките групи, комисиската седница ќе се одржи в среда (10 септември) со почеток во 10 часот.
„Истовремено, за истиот ден е предвидена и надзорна посета во просториите на АНБ“,
се наведува во соопштението на собраниската прес-служба.
Ваквата одлука, како што се додава, е во насока на зачувување на дигнитетот и интегритетот на Собранието и ја потврдува посветеноста на транспарентност, одговорност и унапредување на демократските процеси.
Седницата на Комисијата за надзор над АНБ и АР, која беше свикана по наводите за незаконско прислушување во периодот од 2019 до 2024 година, првично беше закажана во 11 часот, по што беше одложена.
Попладнево на веб-страницата на Собранието беше објавено дека Гаши ја презакажал седницата за 17 часот попладнево, но таа повторно се одложи.