Сијарто, истакнувајќи ја физичката природа на снабдувањето со енергија, посочи дека Унгарија треба да соработува со Русија за да осигури безбедност во снабдувањето откако Европската Унија ги отфрли барањата на Будимпешта за помош во подобрувањето на снабдувањето со гас на Југоисточна Европа
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто на денешната прес-конференција истакна дека Унгарија купува руска нафта бидејќи нема друг избор.

Тој, коментирајќи го вчерашното барање на американскиот претседател Доналд Трамп европските држави да престанат да купуваат руска нафта оти со тоа ја финансираат војната во Украина, истакна:
„Најгласните критичари на Унгарија и на Словачка за тоа каде ја купуваат својата нафта се лицемери затоа што многу од нив купуваат и руска нафта со попуст преку одредени азиски земји“.
Сијарто додаде дека тие тајно купуваат руска нафта, затоа што е поевтина.
„Ние купуваме руска нафта отворено затоа што немаме друг избор“,
рече тој.
Сијарто, истакнувајќи ја физичката природа на снабдувањето со енергија, посочи дека Унгарија треба да соработува со Русија за да осигури безбедност во снабдувањето откако Европската Унија ги отфрли барањата на Будимпешта за помош во подобрувањето на снабдувањето со гас на Југоисточна Европа, додека Хрватска петкратно ги зголемила транзитните такси од европските референтни вредности, наместо да соработува за проширување на транзитната инфраструктура.