Според хуманитарната агенција на Обединетите нации (ОН), хеликоптерски тимови пребаруваат оддалечени села во Авганистан барајќи преживеани од земјотресот
Бројот на жртви од земјотресот во источен Авганистан се искачи на 812, а 2 817 лица се повредени, објави владата на талибанците, а пренесува Би-би-си.

Владиниот портпарол Забихулах Муџахид вели дека се очекува бројот на жртви да се зголеми бидејќи спасувачките екипи продолжуваат да работат во оддалечените и тешко достапни области.
„Во некои села, луѓето кои се повредени или мртви и сe уште заробени под урнатините“,
изјави тој на прес-конференција во Кабул.
Според хуманитарната агенција на Обединетите нации (ОН), хеликоптерски тимови пребаруваат оддалечени села во Авганистан барајќи преживеани од земјотресот.
ОН подготвуваат топли оброци и ќебиња за преживеаните. Талибанците побараа меѓународна помош, а Велика Британија вети помош од еден милион фунти нагласувајќи дека парите нема да одат во нивните раце.
Помош вели и соседен Иран, а портпаролот на тамошното Министерството за надворешни работи Исмаил Багаеи изјави дека Техеран е подготвен веднаш да помогне во спасувачките напори во погодените области во Авганистан.
Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди источната авганистанска провинција Кунар, а епицентарот беше само 27 км од градот Џалалабад, петтиот најголем во земјата.
Тресењето беше почувствувано и во главниот град на Авганистан, Кабул, и во соседниот Пакистан.