Движењето, кое ја контролира областа во регионот Дарфур, апелираше до Обединетите нации и меѓународните агенции за помош да помогнат во пронаоѓањето на телата на жртвите, вклучувајќи мажи, жени и деца
Најмалку 1 000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште што уништи село во областа на планините Мара во Западен Судан, објави бунтовничката група Суданско ослободително движење/армија, а пренесува Би-би-си.
Лизгање на земјиштето се случи по неколкудневни обилни дождови и го срамни со земја поголемиот дел од селото Тарасин.
Објавено е дека засега има само еден преживеан.

Движењето, кое ја контролира областа во регионот Дарфур, апелираше до Обединетите нации и меѓународните агенции за помош да помогнат во пронаоѓањето на телата на жртвите, вклучувајќи мажи, жени и деца.
Бегајќи од војната меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка во федералната држава Северен Дарфур, жителите побараа засолниште во планините Мара, каде што храната и лековите се оскудни.
Граѓанската војна, која избувна во април 2023 година, ја втурна земјата во тешка хуманитарна криза и глад, а обвинувања за геноцид се појавија и во западниот регион Дарфур.
Проценките за бројот на убиени луѓе во конфликтот значително се разликуваат. Но, според американски функционер, од почетокот на конфликтот во Судан се убиени 150 000 луѓе, а околу 12 милиони се раселени.