Се претпоставува дека полицијата се упатила кон кампусот по комеморативната прошетка и оддавањето почит на жртвите од Железничката станица, но засега нема официјални информации што ја предизвикало интервенцијата
По комеморативната протестна прошетка на неколку илјади граѓани на Нови Сад и оддавањето почит на жртвите од падот на настрашницата на Железничката станица пред точно десет месеци, српскиот медиуми јавуваат за интервенција на полицијата врз студенти и граѓани кај Факултетот за спорт и физичко образование, во која наводно биле употребени палки и шок бомби.

Како што објави Новосадскиот портал „021.rs“, полицијата во опрема за разбивање демонстрации интервенирала кај ДИФ во Нови Сад, додека на официјалниот профил на студентите во блокада на Факулетот за технички науки е објавено дека акцијата на полицијата била кооординирана.
„Немаше ниту една причина да почнат да бркаат и да тепаат луѓе, освен (вербални) дофрлања. Септември дојде“,
се наведува во објавата.
Očigledno je ovo koordinisana akcija policije, niti jedan razlog nije postojao da krenu da jure i prebijaju ljude, sem dobacivanja.
— FTN SE BUDI (@ftn_se_budi) September 1, 2025
Septembar je stigao. pic.twitter.com/GWXlb9Rr9B
Студентите во блокада на Медицинскиот факултет во Нови Сад на платформата Икс објавија дека кампусот на Универзитетот во Нови Сад е „окупиран“ од полиција.
„Опкружени сме со кордони од сите страни, невозможно е да се влезе или излезе. Нашиот ПП тим е спречен да пружи прва помош. Автономијата на универзитетот повеќе не постои, студентите се апсат пред прагот на нивните факултети“,
се наведува во соопштението.
KAMPUS UNS JE OKUPIRAN‼️
— MFNS blokada (@blokada_mfns) September 1, 2025
Okruženi smo kordonima sa svih strana, ne može se ući ni izaći.
Naš PP tim je sprečen da pruža prvu pomoć‼️
Autonomija univerziteta više ne postoji, studenti se hapse na pragu svojih fakulteta‼️
Според информациите што се пренесуваат, граѓани биле потиснати до кампусот, а во интевренцијата на полицијата наводно биле употребени палки и шок бомби. На видеата што кружат на социјалните мрежи може да се слушнат и топовски удари.
Toliko ga boli što Novi Sad nikad neće zaboraviti na tragediju koja se desila pre 10 meseci, da baca topovske udare na ljude koji su se vraćali sa komemorativne šetnje!
— Blokada FFUNS (@BlokadaFFUNS) September 1, 2025
Policija je još pojurila ljude i okružila kampus – ponovo je prekršena autonomija univerziteta.
Rekli bismo…
Според објави на граѓаните, полицијата стои на границата со кампусот и блокира дел од булеварот „Цар Лазар“ во Нови Сад.
Се претпоставува дека полицијата се упатила кон кампусот по комеморативната прошетка и оддавањето почит на жртвите од Железничката станица.
Vraćajući se sa komemorativne šetnje, građani i studenti su prišli DIF-u, odakle je izašlo nekoliko vodova žandarmerije i policije koji su upotrebili šok bombe i pendreke kako bi potisnuli građane do univerzitetskog kampusa. pic.twitter.com/WmdLsXCjsL
— Autonomija Info (@autonomijandnv) September 1, 2025
Засега не е познато што го предизвикало овој инцидент меѓу полицијата и граѓаните.
Инаку, како што пренесоа дел од српските медиуми и денеска наутро беше тензична состојбата пред Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ) во Нови Сад, каде беа собрани граѓани и студенти, а во истовреме беше забележливо силно полициско присуство.
Како што објави „021“, деканот на Факултетот за спорт и физичко образование, Патрик Дрид, денеска во утринските часови влегол во зградата на факултетот во придружба на полицијата. Набрзо потоа дошло до протести на студентите и полициска интервенција.
По некое време, студентите го напуштија факултетот, велејќи дека зградата останува отворена за студентите и дека ќе се одржи состанок за формулирање барања до администрацијата.
Вечерва во Белград, Нови Сад и повеќе други градови во Србија се одржаа комеморативни прошетки, а на повик на средношколците во блокада.
Повод за овој начин на протест е навршувањето десет месеци од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, што доведе до масовни протести во Србија и блокади на високообразовните институции.
Собирот во Белград заврши на Плоштадот „Република“, во центарот на градот со положување венци и бели рози за 16-те жртви во несреќата. Беше одржано 16-минутно молчење во чест на жртвите.

Протестот во Нови Сад заврши во близина на зградата на Железничката станица, каде што се случи несреќата на 1 ноември 2024 година.
Демонстрантите им оддадоа почит на жртвите со 16-минутен молк, објави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), откако претходно во молк се движеа од Универзитетот во Нови Сад до Железничката станица.
На чело на колоната беа средношколци кои повикаа на собир, а ја обезбедуваа земјоделци на трактори и мотоциклисти.
На Железничката станица беа прочитани имињата на жртвите со пораката: „Нема да заборавиме и нема да се откажеме“.