Од МВР информираат дека лекар констатирал оти смртта настапила како последица на давање во вода
Четириесет и деветгодишен Битолчанец вчера се удавил во водите на Охридското Езеро, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„На 27 август во 12:55 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Струга е пријавено дека во водите на Охридското Езеро е пронајдено телото на В.Т. (49) од Битола“,
се вели во полицискиот билтен.
Оттаму информираат дека лекар констатирал оти смртта настапила како последица на давање во вода.
По наредба на јавен обвинител, по извршената обдукција телото на починатиот е предадено на семејството.
