Картата на „ДипСтејт“ покажува најмалку уште две села во Дњепропетровск што се или окупирани или се места на борби. Тоа се релативно мали области во регионот од над 31 000 квадратни километри
Руските сили зазедоа две села во југоисточниот украински регион Дњепропетровск, пренесува Ројтерс.
Дека руската војска влегла во селата Запоришко и Новохеорхијевка во регионот Дњепропетровск, потврди и Виктор Трехубов, портпарол на оперативно-стратешката група Дњепро, за укаинските медиуми.

Ова е прв пат украинската армија да го признае рускиот упад во тој регион, додека Москва тврди дека таа територија ја освојува уште од јуни.
„Да, Русите влегоа и се обидуваат да ги утврдат своите позиции. Нашите сили, пак, се борат да ги задржат своите позиции“,
рече Трехубов.
Руските сили во јули соопштија дека го зазеле своето прво село во Дњепропетровск, кое не е меѓу петте украински региони што Русија ги смета за своја територија.
Картата на „ДипСтејт“ покажува најмалку уште две села во Дњепропетровск што се или окупирани или се места на борби. Тоа се релативно мали области во регионот од над 31 000 квадратни километри.
‼️ Two villages were occupied for the first time in the Dnipropetrovsk region, — DeepState.
— The Ukrainian Review (@UkrReview) August 26, 2025
These are Zaporizke and Novoyehorivka, which border the Donetsk and Zaporizhzhia regions. pic.twitter.com/j8VsKtjHyV
Како што објави Ројтерс, руската окупација на овие две села во регионот Дњепропетровск е дел од поширок притисок врз таа оска.
Во исто време, регионот Дњепропетровск е постојано под воздушни напади, но и напади со беспилотни летала.