Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе се задржи претежно сончевото и топло време, со постепен пораст на дневните температури, додека за време на викендот се најавува промена на временска состојбата, кога се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи
Времето во земјава денеска ќе биде претежно сончево и топло, а попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 23 до 34 степени.
За Скопје синоптичарите, исто така, прогнозираат претежно сончево и топло време, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 32 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до петок ќе се задржи претежно сончевото и топло време, со постепен пораст на дневните температури. За време на викендот се најавува промена на временска состојбата, кога се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен.