Француската влада планира да заштеди околу 44 милијарди евра бидејќи Франција се соочува со сериозен буџетски дефицит

Премиерот на Франција, Франсоа Бајру најави дека ќе бара гласање за доверба во парламентот во однос на буџетот за 2026 година кој предвидува мерки за штедење.
Бајру соопшти дека со претседателот Емануел Макрон се согласиле гласањето доверба да се одржи на 8 септември.
Француската влада планира да заштеди околу 44 милијарди евра бидејќи Франција се соочува со сериозен буџетски дефицит.
Левичарските партии во Националното собрание веќе најавија предлог за недоверба на владата, а синдикатите повикуваат на генерален штрајк на 10 септември.
Бајру е на чело на малцинска влада од декември, по изненадната одлука на Макрон да распише вонредни парламентарни избори минатата година. Тој во јули успеа да преживее гласање за недоверба благодарение на одлуката на крајнодесничарската Национална алијанса на Марин Ле Пен да не ја поддржи социјалистичката иницијатива.
Неизвесно како Националната алијанса ќе се постави при новото гласање.
Јавниот долг на Франција достигна 114 проценти од бруто домашниот производ (БДП), што ја прави една од земјите со највисок сооднос долг-БДП во еврозоната.