Откажани летови, затворени училишта, околу 600 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови
Ветер со брзина од 118-133 километри на час, откорнати дрвја, поплавени домови и улици – тајфунот Каџики го погоди Виетнам. Околу 600 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во крајбрежната провинција Ха Тин, а наредби за евакуација беа издадени и за неколку централни провинции, пренесува Би-би-си.
Иако бурата ослабна во интензитет, ветерот сè уште дува со голема брзина, соопшти виетнамската метеоролошка служба. Откажани се летовите и затворени се два аеродрома во централниот регион на земјата, а како што пренесуваат медиумите, не е во функција ниту железничкиот сообраќај.

Властите во Виетнам ги затворија училиштата и информираа дека повеќе од 16 000 војници се мобилизирани за евакуацијата, како и за акции за пребарување и спасување. Според Ројтерс, евакуирани се повеќе од 30 000 лица само во крајбрежните области.
Властите во Виетнам предупредија дека ова може да биде најсилниот тајфун во последните триесет години, по тајфунот Јаги, кога загинаа триста луѓе.

Тајфунот Каџики претходно го зафати и јужниот дел на Кина, носејќи обилни врнежи и силни ветрови, откако помина крај островот Хаинан.
А предупредувања за временска непогода издадоа и тајландските власти поради опасност од приближување на тајфунот во 58 провиниции.