Според руски медиуми, кои го цитираат Министерството за одбрана, беспилотните летала биле соборени во периодот од 23 часот синоќа, според локално време, до 7 часот утрово
Од друга страна, руските дронови ноќеска погодиле над 10 локации во градот Суми, при што биле запалени станбени згради, објави началникот на воената администрација на овој украински град, Сергеј Кривошејенко
Руските противвоздушни единици во текот на изминатата ноќ пресретнале и уништиле 21 украински дрон, објави тамошните агенции повикувајќи се на Министерството за одбрана на земјата.

Два од пресретнатите беспилотни летала биле насочени кон Москва, изјави денеска градоначалникот на рускиот главен град, Сергеј Собјанин.
„Службите за итни случаи работат на местото каде што паднаа остатоците (од дроновите)“,
напиша Собјанин во објава на Телеграм, пренесе Ројтерс.
Според руски медиуми, кои го цитираат Министерството за одбрана, беспилотните летала биле соборени во периодот од 23 часот синоќа, според локално време, до 7 часот утрово.
Седум од леталата биле уништени над регионот Смоленск, шест над Брјанкс, три над Орјолскиот регион, три над Московскиот регион, од кои два директно биле насочени кон Москва, како и по еден над Калушкиот и Тверскиот регион.
Од друга страна, руските дронови ноќеска погодиле над 10 локации во градот Суми, при што биле запалени станбени згради, објави началникот на воената администрација на овој украински град, Сергеј Кривошејенко.
Гувернерот на регионот Суми, Олег Хригоров, потврдил дека напади со беспилотни летала биле регистрирани и во населбата Роменска.
Инаку, Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади во кои најчесто се користат беспилотни летала додека во меѓувреме траат дипломатските напори предводени од Соединетите Американски Држави (САД) за изнаоѓање решение за ставање крај на војната.
Во таа насока продолжуваат дипломатските напори за организирање на средба меѓу руските претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски на која се очекува да биде постигнат некаков договор за прекин на конфликтот.
Сепак, уште многу работи остануваат недефинирани и во неизвесност, а руската страна вчера излезе со специфични барања со кои ги условуваат разговорите во било каков формат.
Барањата на Москва ги пренесе шефот на руската дипломатија, кој се повика за она што било разговарано на средбата меѓу рускиот претседател Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп на 15 август на Алјаска.
„Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за безбедносните гаранции, при што Путин потсети на неуспешните разговори одржани во Истанбул во 2022 година. За време на тие преговори беше дискутирано за трајна неутралност на Украина во замена за безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД – со учество на други земји, како што се Германија и Турција. Гаранторите би ја гарантирале безбедноста на Украина, која мора да биде неутрална, да не биде поврзана со никаков воен блок и мора да биде ненуклеарна“,
изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.