Активен, според ЦУК, е пожарот кај селото Долгаец, во Општина Долнени, каде што гори мешана шума, додека пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во Општина Македонски Брод, со кој противпожарните екипи се борат повеќе од десет дена, како и стихијата на планината Кожув, на територијата на Општина Гевгелија се ставени под контрола
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари, од кои еден е сè уште активен, два се под контрола, а 24 се изгаснати, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен, според ЦУК, е пожарот кај селото Долгаец, во Општина Долнени, каде што гори мешана шума.
Пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во Општина Македонски Брод, со кој противпожарните екипи се борат повеќе од десет дена, како и стихијата на планината Кожув, на територијата на Општина Гевгелија се ставени под контрола.
Во изминатото деноноќие, како што информираа од ЦУК, изгаснати 24 пожари на отворено на подрачјата на скопските општини Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Студеничани, како и на териториите на општините Прилеп, Крушево, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Велес, Зрновци, Чешиново-Облешево, Куманово, Липково, Тетово и Желино.
На овие места, според информациите, биле зафатени сува трева, депонии, ѓубришта и стрништа.