Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре, претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд, а дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годинава. Од средината на следната седмица се очекува сончево и потопло време со пораст на дневната температура
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови, во планиниските региони, ќе има услови за локален слаб дожд, иинформираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според најавите, ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од осум до 17 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 22 до 32 степени.
Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре, претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд, а дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годинава. Од средината на следната седмица се очекува сончево и потопло време со пораст на дневната температура.