Под контрола е ставен пожарот кај прилепското село Беловодица, на местото викано Ливада, каде беше зафатена букова шума
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево информираа дека успешно е завршена операцијата за правење пресека, односно бришан простор за да не се пренесе пожарот во резерватот „Јасен“ преку големиот срт
На територијата на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои честири се активни, еден е под контрола, а изгаснати се осум, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Меѓу активните пожари, од ЦУК прв го наведуваат оној во резерватот „Јасен“, каде веќе неколку дена гори мешана шума, а бројни противпожарни екипи од повеќе институции се обидуваат да ја стават стихијата под контрола.
Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) попладнево информираа дека успешно е завршена операцијата за правење пресека, односно бришан простор за да не се пренесе пожарот преку големиот срт. Според ДЗС, станува збор за појас долг неколку километри, кој се протега до езерото Козјак.
Операцијата како превентивната мерка ја спровеле припадниците на Специјалната антитеростичка единица „Тигар“ на МВР, заедно со припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци“ на Армијата.
Останатите три пожари, како што информираат од ЦУК, се кај селото Царево во Општина Маврово и Ростуше, каде што гори нискостеблеста дабова шума и сеча, потоа на местото Неготинска петља кон атарот на село Чегране во Општина Гостивар и кај селото Светомитрани, во Општина Крушево, каде гори ниска вегетација.
Под контрола е ставен пожарот кај прилепското село Беловодица, на местото викано Ливада, каде што беше зафатена букова шума.
Според информацијата на ДЗС, изгаснати се два пожари во селото Средно Коњаре, Општина Петровец, каде гореа ѓубриште и ниска вегетација и ѓубре; потоа пожарот на „Перо Наков“ бб во Општина Гази Баба (ѓубриште); пожарот кај село Драслајца во Општина Струга (ѓубриште); во село Сараќино, Општина Тетово (ниска вегетација); село Стрмница, Општина Желино (ниска вегетација); село Облешево, во Општина Чешиново Облешево (ниска вегетација) и кај селото Криволак, во близина на мостот пред касарната; во Општина Неготино (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник).