„Фризерското студио со две столчиња добива неколку години по неколку грантови од ‘Еразмус+’, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270 илјади евра. Секако, погодувате и за овој проект, сопственикот на фризерницата е близок пријател токму на Лидија Димова, односно поранешен граѓански и партиски активист на СДС“, обвини членот на Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски

Фризерница во време на Зоран Заев добива проекти за медиумска писменост преку „Еразмус+“ вредни над 270 илјади евра, кажа на прес-конференција членот на Централниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Тој обвини дека поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и поранешниот премиер Зоран Заев ги доделите неколкуте грантови вредни над 270 илјади евра за медиумска писменост, на фризерско студио, во период од три години.
„Фризерското студио со две столчиња добива неколку години по неколку грантови од ‘Еразмус+’, односно Заев и Димова, вредни вкупно над 270 илјади евра. Секако, погодувате и за овој проект, сопственикот на фризерницата е близок пријател токму на Лидија Димова, односно поранешен граѓански и партиски активист на СДС“,
рече Манасиевски.
Манасиевски потенцираше дека сè уште нема одговорност за, како што рече, сомнителните случаи во кои лица блиски до СДСМ, членови на партијата, судии и професори се наполниле со проекти вредни стотици илјади евра.
„Во СДС владее паника и страв дека на виделина излегува вистината за нивното криминално и коруптивно владеење во агенцијата ‘Еразмус+’. Нивните судии и обвинители треба малку да се позанимаваат со овие работи. Одговорност мора да има“,
рече тој.