Од Основниот кривичен суд Скопје денеска соопштија дека станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и оти судот ги презема сите законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките
Тоа што и по речиси три месеци од поднесувањето на обвинението, тоа сè уште не е е оценето, од Кривичен како појаснување посочуваат предмети со големи број обвинети за кои исто така се чекало подолг период пред да бидат оценети
Обвинението за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани сè уште не е оценето од Советот за оцена на обвинителен акт бидејќи, како што информираа денеска од Основниот кривичен суд Скопје станува збор за обемен предмет за кој и понатаму течат роковите во рамките на оваа постапка.

Во таа насока, од Судот велат дека до овој момент до Кривичен се поднесени 40 приговори од обвинетите и нивните бранители кои, како што додаваат, веќе се доставуваат до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје за запознавање со нивната содржина.
Од Кривичен велат дека примените приговори, што се однесува до постапката што се води во него, се во фаза на анализа од Советот за оцена на обвинителен акт, по што, додаваат оттаму, треба да биде донесена одлука за која странките во постапката и јавноста ќе бидат известени.
Инаку, обвинението за трагедијата во Кочани мора да го помине филтерот на Советот за оцена пред, во зависност од неговата одлука, односно доколку биде дадено зелено светло, ќе се закаже се закаже термин за почеток на судскиот процес, кое јавноста со голем интерес го очекува.
„Како што посочивме и во соопштението од 18.07.2025 година, станува збор за обемен обвинителен акт со голем број докази и оштетени лица, како и 37 обвинети правни и физички лица и судот ги презема сите Законски обврски за навремена оцена со доследно почитување на правата на странките“,
се вели во денешното соопштение од Основниот кривичен суд Скопје.
Според неговата содржина, одлуката на Советот за оцена на обвинителен акт за овој случај може да се очекува во септември.
Тоа што и по речиси три месеци од поднесувањето на обвинението, тоа сè уште не е е оценето, од Кривичен како појаснување посочуваат предмети со големи број обвинети за кои исто така се чекало подолг период пред да бидат оценети.
Во таа насока, како примери од Судот ги посочуваат случаите „Адитив“, „Синџир“ и „27 април“.
„Обвинителен предмет КОК ООА 21/25 во јавноста познат како „Адитив“ против 36 обвинети правни и физички лица, поднесен на 27.02.2025 год., по исполнување на сите законски предвидени рокови, оценет на 06.05.2025 година. Обвинителен предмет КОК ООА 5/24 во јавноста познат како „Синџир“ против 41 обвинети правни и физички лица, поднесен на 23.01.2024 год., по исполнување на сите законски предвидени рокови, оценет на 22.04.2024 година. Обвинителен предмет КОК ООА 10/18 во јавноста познат како „27-ми април“ против 30 обвинети лица, поднесен на 27.03.2018 год., по исполнување на сите законски предвидени рокови, оценет на 22.06.2018 година. Односно предмети кои биле и со помал број на обвинети лица, а бил оценувани вон судска ферија и годишни одмори кои ги користат адвокатите, потребни биле околу 3 месеци за нивна оцена“,
наведуваат од Кривичен.
Оттаму додаваат дека го разбираат интересот на јавноста за оваа постапка, но, како што додаваат, законодавецот предвидел прецизни рокови и права кои кои мора да бидат испочитувани како од странките во постапката, така и од судот.
Ова, наведуваат од Кривичен е со цел да не се случат пропусти во постапката кои во иднина може да хо компромитираат судскиот процес.

За потсетување, обвинението за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март годинава, а во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени, беше поднесено на 13 јуни.
Неколку недели подоцна, односно на 2 јули Врховниот суд донесе одлука со која предметот го префрли од кочанскиот во Основниот кривичен суд Скопје.
Дополнително за надлежно обвинителство наместо кочанското беше определено Основното јавно обвинителство Скопје.
Инаку, за пожарот во Кочани обвинети се вкупно 34 физички и три правни лица. Меѓу обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност се сопственикот на „Пулс“, неговиот брат и синот, потоа тројца поранешни градоначалници на Кочани, четворица поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување, двајца поранешни министри за економија Крешник Бектеши и Ваљон Сарачини, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и обезбедувачи на објектот.
Родители и блиски на загинатите во пожарот во саботата на 18. „Марш на агелите“ порачаа дека мора да има правда за нивните загинати деца и најавија дека ако тоа не се случи ќе постават шатори пред зградите на полицијата и судот.