Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека изработена по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица
Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ ја реализира и третата пратка компресивна облека наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани. Облеката, како што велат од иницијативата, веќе е предадена во Општата болница Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување.
Вредноста на набавката, како што се наведува, изнесува 35 илјади евра, а средствата се целосно обезбедени преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и дијаспората.
Со ова, вкупната вредност на досегашните три испораки надминува 3,4 милиони денари. Со оваа пратка се опфатени втората тура на нарачки од првите две групи корисници на компресивна облека. Во оваа донација вкупно се обезбедени 176 парчиња специјализирана компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за секој од засегнатите лица“,
се наведува од иницијативата „Сапорт Кочани“.

Пред околу еден месец од иницијативата информираа дека е донирана втората пратка компресивна облека за повредените, а првата пратка беше донирана кон средината на јуни.