Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши до петок, велат од Град Скопје
Град Скопје известува дека во вторник на 19.8.2025 година ќе почне со терестрична дезинсекција против возрасни форми и против ларви од комарци. Прскањето против комарци ќе се одвива на подрачјето на главниот град до петок.
„Терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се врши од 19.08.2025 година (вторник) до 22.08.2025 година (петок), од 22 до 03 часот наредниот ден, а против ларви од комарци ќе се изврши во текот на еден од горенаведените денови“,
велат од Град Скопје.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се врши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, посочуваат од Град Скопје.
„Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“,
додаваат од Град Скопје.