Во изминатото деноноќие во нашата земја се регистрирани 177 нови случаи со ковид-19 од направени 1 245 тестови. Ова е најголема бројка регистрирана во период од 24 часа од појавата на новиот коронавирус во земјава.
Најмногу од случаите се во Скопје – 105, потврдуваат од Институтот за јавно здравје за државната агенција МИА.
Од почетокот на епидемијата во земјава досега се регистрирани 2 787 заболени лица, а во моментов се активни 1 009 случаи.