Ангелов вели дека екипи на „Јасен“ и на „Национални шуми“ се излезени на терен, но поради непристапност на теренот не се во можност да дејствуваат

Пожарот во атарот на селото Долно Дупени, во близина на Преспанско Езеро е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Во интервенцијата на пожарот, како што вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, биле вклучени екипи на територијалната противпожарна единица Ресен и на „Национални шуми“.


Ангелов вели дека екипите патролираат на теренот, а по потреба и дејствуваат за да се спречи реактивирање на пожарот во кој гореше дабова шума и ниска вегетација.
Од ДЗС, а и од Центарот за управување со кризи (ЦУК), велат дека пожарот на територијата на ловиштето „Јасен“ е сè уште активен и оти таму гори мешана шума.
Ангелов вели дека екипи на „Јасен“ и на „Национални шуми“ се излезени на терен, но поради непристапност на теренот не се во можност да дејствуваат.
„На пожарот утринава дејствуваа два полициски хеликоптери, но поради силниот ветар ефектот беше намален. Кон пожарот се упатија два ертрактори на ДЗС“,
вели Ангелов.
Тој додава дека превентивно на теренот се упатуваат и три „пинцгауери“ на ДЗС како и 25 припадници на МВР.