„Полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале Р.З. (59) од селото Арнакија, Општина Сарај како потпалува ѓубриште и сува трева во близна на штала со добиток“, велат од МВР
Педесет и деветгодишен маж е уапсен утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Околу 8 часот е пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар. Полициски службеници излегле на местото на настанот и го затекнале Р.З. (59) од селото Арнакија, Општина Сарај како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток“,
се вели во полицискиот билтен.
Според МВР, лицето е приведено во полициска станица.
Откако случајот ќе биде документиран, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарната екипа на Скопје.