Претседателот на САД рече дека е многу разорачан од рускиот претседател и дека не мора да се чека до крајот на првичниот рок од 50 дена што го даде претходно овој месец за постигнување договор со Киев
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го скрати рокот за прекин на огнот во Украина што му го даде на рускиот претседател Владимир Путин. Од првично најавените 50 дена, новопоставениот рок е 10-12 дена.

Трамп ова го најави за време на својата денешна посета на Шкотска, велејќи дека е многу разорачан од Путин и дека не мора да чека до крајот на првичниот рок од 50 дена што го даде претходно овој месец.
„Ќе поставам нов рок од околу 10 или 12 дена од денес. Кога доволно долго се справуваш со некого, знаеш што ќе направи или нема да направи. Му дадов на Путин шанса. Тој не ја користи“,
изјави Трамп пред новинарите пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер.
Американскиот претседател додаде дека нема причина да се чека дополнително бидејќи нема никаков напредок.
Белата куќа не прецизираше какви чекори ќе преземе доколку Русија не одговори во рокот.
Украина ја поздрави најавата на Трамп, а официјална Москва сè уште официјално не ја коментираше одлуката.