Војската соопшти дека авионот имал механички дефект, а Владата вети истрага и помош на жртвите. Во моментот на падот многу деца сè уште биле присутни во училиштето

Бројот на жртви се искачи на 27, од кој дури 25 се деца, откако вчера авион на воздухопловните сили на Бангладеш се урна врз кампусот на приватно основно и средно училиште во Дака.
Во болница се згрижени вкупно 88 лица.
Авионот Ф-7 БГИ се урнавчера на пладне, веднаш по полетувањето од воздухопловната база во Курмитола во главниот град на рутинска обука. Во моментот на падот многу деца сè уште биле присутни во училиштето.
Војската соопшти дека авионот имал механички дефект, а Владата вети истрага и помош на жртвите.
Инцидентот се случи нешто повеќе од еден месец откако авион на „Ер Индија“ се урна врз хостел на медицинскиот колеџ во Ахмедабад, Индија.