Министерката информира и дека е сменета програмата за прва година од гимназиското образование
Сменета е програмата за седмо одделение од основното образование и во неа повторно е вратен предметот Историја, рече вечерва од Велес, министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

„Во новата програма повторно е вратен предметот Историја што го укина претходната влада. Учебникот е во печатење“,
кажа таа.
Повтори и дека по шест години пауза, учениците повторно ќе имаат учебници по странските јазици – англиски, германски, француски и италијански јазик.
На прес-конференција одржана пред неколку дена таа ги покажа првите примероци од учебниците по англиски јазик од прво до деветто одделение и учебниците по германски јазик, додавајќи дека до петок ќе има одлука и за француски, италијански и сите останати јазици.
Министерката информира и дека е сменета програмата за прва година од гимназиското образование.
Најави и дека се отворени шест нови лекторати во светот каде е се изучува и популаризира македонскиот јазик и литература.
Според неа, МОН за првпат ги легализира дуалните паралелки во средното образование што имаат практична настава.