Регионалниот пат Куманово-Пелинце денеска до 15 часот ќе биде затворен за сообраќај поради одржување велосипедска трка.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот ќе биде пет часа во прекин на потегот од крстосницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце.
Повремено затворање на патот е планирано и за наредните три дена.