Под влијание на топла воздушна маса од југ, во текот на неделата времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои на места ќе надминуваат 35, а на места 40 степени
Претежно сончево и многу топло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 40 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен југозападен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 17 до максимални 40 степени.
УХМР најавува дека во текот на неделата, под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои на места ќе надминуваат 35, а на места 40 Целзиусови степени.