Денеска, на територијата на државата, се евидентирани 15 пожари на отворен простор
Состојбата со пожарите во Македонија до 18 часот е седум активни, два под контрола и шест изгаснати. Така соопштија од Центарот за управување со кризи, во последното известување до јавноста.
Кога се во прашање активните пожари, најголемиот дел се во централните и западните делови од државата:
- Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
- Општина Македонски Брод 2 (реактивиран) – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
- Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
- Општина Струга – помеѓу селата Октиси и Белица (сува трева)
- Општина Ресен – с. Покрвеник (трски и сува трева)
- Општина Маврово-Ростуше – с. Дуф (ливада)

Како пожари „под контрола“ се водат два. Во Велес, кај селата Џимирци – Крушје – Иванковци и пожарот во Општина Желино, на планината Жеден. Овој пожар е актуелен втор ден бидејќи вчера градоначалникот, а денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, излегоа со тврдење дека некој го потпалува.
Пожари кои денеска се изгаснати, според Центарот за управување со кризи, се шест:
- Општина Студеничани – с. Студеничани (сува трева)
- Општина Крушево – с. Селце (сува трева)
- Општина Македонски Брод – с. Слатина, м.в. Стојанова Населба (смрека, сува трева и друга ниска вегетација)
- Општина Куманово – Градиште (ниска шума)
- Општина Липково – с. Слупчане (стрниште и сува трева)
- Општина Ранковце – с. Петралица (ниска вегетација)