Од Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа информираа дека во текот на вчерашниот ден полициски хеликоптер од типот „бел-412“ дејствувал на пожарот кај селото Нивичино во Општина Василево и во 60 налети исфрлил повеќе од 80 тони вода, но пожарот и понатаму е активен и продолжуваат активностите за негово гаснење
Во изминатото деноноќие на територијата на државата имало вкупно 35 пожари, а според билансот до 9:30 часот утрово, четири од нив се сè уште активни, исто толку се ставени под контрола, а 27 се изгаснати.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), и понатаму активни се пожарите кај селото Нивичино во Општина Василево, каде што гори нискостеблеста шума, кај селото Грешница во Македонски Брод каде што е зафатена мешана шума и ниска вегетација, потоа во Прилепско, меѓу селата Царевиќ и Смолани и Липково кај селото Виштица.
На последните две локации, според ЦУК, мешана и деградирана шума и ниска вегетација.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа информираа дека во текот на вчерашниот ден, полициски хеликоптер од типот Бел-412 дејствувал на пожарот кај селото Нивичино во општина Василево и во 60 налети исфрлил повеќе од 80 тони вода.
Пожарот, како што велат од МВР, а денеска потврдија и од ЦУК, и понатаму е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.
Во меѓувреме противпожарните екипи успеале да ги стават под контрола пожарите во:
- Велес – село Џидимирци – село Крушје – село Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума);
- Дојран – с. Николиќ (нискостеблеста шума);
- Демир Хисар – градска депонија (депонија);
- Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Според ЦУК, изгаснати се пожарите што биле евидентирани на териториите на општините, Куманово, Ранковце, Липково, Кратово, Тетово, Битола, Свети Николе, Штип Делчево, Росоман, како и во Скопје во општините Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба и Илинден.