Според УХМР, особено топло време се очекува да биде во текот на следната работна седмица, кога живата во термометрите насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени. На повеќе места се очекува таа да надмине 35 степени, а во дел ќе се искачи и над 40 Целзиусови степени
Поради очекуваниот топлотен бран, Министерството за здравство вчера издаде пепораки за заштита од високите температури, а кои особено се однесуваат на ранливите категории на граѓани
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура се движи во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне 26 до 37 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер во северен правец. Дневната темпратура во главниот град ќе се искачи до 37 Целзиусови степени.
Како што информираа од Упрвата за хидрометеоролошки работи, под влијание на топла воздушна маса од југ следи период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога живата во термометрите насекаде да биде над 30 Целзиусови степени. На повеќе места се очекува таа да надмине 35 степени, а во некои региони ќе се искачи и над 40 Целзиусови степени.
Поради очекуваниот топлотен бран, Министерството за здравство вчера издаде пепораки за заштита од високите температури, а кои особено се однесуваат на ранливите категории на граѓани.
Од Министерството препорачуваат престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на децата, старите лица и оние со хронични заболувања, како и бремените жени.
Дел од препораките се и одложување на активностите на отворено за време на најтоплите делови од денот. Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош.
Овие препораки на Министерството се однесуваат на периодот од 20 до 24 јули, кога согласно прогнозите на УХМР се очекуваат високи температури кои во одделни региони може да достигнат и до 41 Целзиусов степен.