„Истата Каја Шукова ќе им ветува на Скопјани чист воздух и чиста околина, а додека беше министерка за животна средина со прст не мрдна за подобрување на аерозагадувањето“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Се потврди фактот дека СДСМ и Венко Филипче немаат кандидат за Скопје, откако претходно Ралев и уште еден познат скопски адвокат ги одбија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС тонат се подлабоко во својот бунар без дно, сите кандидати или им се претседатели на општински организации кои мораат да излезат и да изгубат во своите општини или пак поранешни кадри на Заев. Со ова дефинитивно се потврдува дека СДС немаат кадри, ниту пак некој сака да им се нафати да изгуби. Во Скопје ќе одат со кадар на Заев, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова. Истата Каја Шукова ќе им ветува на Скопјани чист воздух и чиста околина, а додека беше министерка за животна средина со прст не мрдна за подобрување на аерозагадувањето“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче вечерва соопшти нови имиња на кандидати за градоначалници меѓу кои и за Град Скопје.