Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор било вклучено и дополнително противпожарно возило
Седум лица вдишале чад при пожар што избувнал попладнево околу 16.30 часот на ул. „Кочо Рацин“ во Скопје. Пожарот е веќе изгаснат од противпожарните служби на Град Скопје, а на повредените лица им е пружена медицинска помош, потврдил за МИА Ѕвонко Томевски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.
Пожарникарите интервенирале со две возила во гаснењето на пожарот што избувнал во стан на втори кат во зграда на ул. „Кочо Рацин“, а поради зафатениот голем простор било вклучено и дополнително противпожарно возило.
„Има повредени седум лица бидејќи вдишале чад, веднаш се повикани медицински екипи и пружена им е помош. Пожарот за кратко време е локализран и целосно изгаснат“,
изјави Томевски.
Екипите на МВР работат на утврдување на причините за пожарот.