Тој нагласи дека, иако ова сè уште не е владина цел, употребата на вештачка интелигенција за подобрување на управувањето е идеја што не треба да се исклучува и која „може да се прифати со големо задоволство“. Тој исто така рече дека институциите треба да издвојат финансиски средства за технологија за заштита од сајбер напади.
Албанскиот премиер Еди Рама денеска се сретна со преставници на технолошкиот сектор по што изјави дека наскоро може да дојде денот кога владата ќе биде водена од вештачка интелигенција.
„Наскоро, вештачката интелигенција би можела да стане најефикасниот член на одборот. Каде води ова? Води до идејата дека многу брзо, би можел да дојде денот кога би можеле да имате влада на вештачка интелигенција. Многу брзо, би можел да дојде денот кога ќе имате министер за вештачка интелигенција. Нема братучеди што би можеле да ги вметнат во работата, нема лични интереси од каков било вид што би ги нарушиле процесите. Не велам дека ова е нашата цел, иако со задоволство би ја оствариле, но овој свет е бесконечен“,
рече Рама.
Албанскиот премиер Рама, меѓу другото, зборуваше и за кибер-нападите од страна на Иран врз државните институции.
„Во војна сме, имаме систематски напади секој ден. Беше надвор од одбранбениот систем, не можеме да го дозволиме ова. Утре би можеле да нападнат банка, болница, тоа би можело да биде голем проблем. Како да изградиме систем каде што од една страна им наметнуваме обврска на институциите да имаат процент од инвестициите во технологија“,
изјави Рама.
Албанија беше цел на кибер-напади кога онлајн државните служби беа нападнати од четири софистицирани хакерски групи поддржани од иранската држава. По овие напади Албанија ги протера дипломатските претставници и ги прекина дипломатските односи со Иран.