Министерката ги покажа првите примероци од учебниците по англиски јазик од прво до деветто одделение и учебниците по германски јазик, додавајќи дека до петок ќе има одлука и за француски, италијански и сите останати јазици
Стартот на новата учебна година ќе започне со учебници по странски јазици за учениците во основното образование, откако пет години основците учеа јазици од импровизирани учебници.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, министерката за образование и наука Весна Јаневска потврди дека учебниците по странски јазици, кои подолго време недостасуваа во наставата, ќе бидат достапни за учениците од 1 септември.
„Со огромно задоволство ви кажувам дека да, ќе има учебници. Процедурата тече и јас сум длабоко убедена дека на 1 септември ние ќе ги имаме сите учебници“,
рече Јаневска на денешната прес-конференција во МОН.
Таа ги покажа првите примероци од учебниците по англиски јазик од прво до деветто одделение и учебниците по германски јазик, додавајќи дека до петок ќе има одлука и за француски, италијански и сите останати јазици.