Од нив, најголем дел се од областа на транспортот, односно 132 милиони евра за 589 проекти, потоа животна средина со 143 проекти, па за образование – 48 проекти
Вкупно 828 проекти во вредност од 225 милиони евра беа потпишани денеска во Владата со општините кои аплицираа и кои беа одбрани на вториот повик за финансирање на проекти преку унгарскиот кредит. Од нив, најголем дел се од областа на транспортот, односно 132 милиони евра за 589 проекти, потоа животна средина со 143 проекти, па во образование 48 проекти.

„Ова е најголемата инвестициска офанзива за општините, некогаш направена. Не само по бројките, туку по одлучноста и правичноста. Се гради низ цела држава, во сите општини што аплицираа и имаа подготвена документација. Без партиски филтри. Без фаворизирања. Онаму каде што има проект, таму има и поддршка“,
информираат од Владата.
Оттаму велат дека за првиот повик во кој беа финансирани 288 проекти, до 1 јули годинава за 281 од нив е склучен договор, 146 се воведени во работа или се изведуваат на терен – а од нив 113 се целосно завршени, 25 се во завршна фаза а за шест од нив се уште тече постапката за јавна набавка.
„За нас како Влада е многу значајно дека од сите општини, без разлика дали градоначалникот доаѓа од владината коалиција или од опозицијата или е градоначалник којшто е условно независен, се поднесоа проекти и за истите тие проекти денеска ќе ги потпишеме договорите, рече Мицкоски пред свеченото потпишување на договорите“,
рече премиерот Мицкоски.
360 Степени претходно се обрати до сите 80 општини во државата со прашање – колку владини средства досега потрошиле наменети за инфраструктурни проекти од повиците за 2024 и 2025 г. Ни одговорија 33 општини со што дојдовме до сознанието дека реализацијата е околу 16,7 проценти. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека пресметките од нашиот примерок на општини речиси се совпаѓа со националниот просек. На ниво на сите општини, рече тој, реализацијата е околу 18%