Втор ден по ред во Шпанија нема смртни случаи од ковид-19, објави денеска тамошното Министерство за здравство.
Вкупниот број на починати не е променет од неделата и изнесува 27 127, соопшти Министерството.
Со 27 127 жртви од ковид-19, Шпанија се наоѓа на шестото место во светот по бројот на починати.
Бројот на новозаразени со коронавирусот корона се зголеми за 137 во однос на вчерашниот ден.
Вкупниот број на заразени изнесува 286 718.