Масовни грабежи низ елитни локации во Њујорк се регистрирани во рамки на немирите против полициската бруталност, кои со денови траат во САД поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење.
На протестите изминативе вечери, ограбени се бутици на реномирани брендови како „Шанел”, „Долче и Габана”, продавниците на „Епл”, „Ролeкс” и други.
Chanel in Soho has been looted. pic.twitter.com/MQn8KV3CMK
— elizabeth meryl rosner (@elizameryl) June 1, 2020
Њујорк пост јави дека од продавница за часовниците „Ролекс” во кварталот Сохо, биле украдени часовници во вредност од 2,3 милиони долари.
Властите во Њујорк изјавија дека протестите се злоупотребени од „надворешни“ агитатори поврзани со анархистички групи за да вршат грабежи и да поттикнуваат насилство меѓу полицијата и демонстрантите.
Протестите што започнаа од Минесота, а се создадоа како револт кон полициската бруталност сега се раширени речиси низ целата земја, дури и во некои градови во Европа.
Братот на убиениот Џорџ Флојд, Теренс, вчера рече дека е потребно протестите да бидат мирни, а не насилни.
Американскиот претседател Доналд Трамп пак, синоќа ги ангажираше војската и Националната гарда за да ги растера демонстрациите околу Белата куќа, а потоа се прошета во паркот до блиската црква и се фотографираше со Библијата.