На социјалните мрежи се појавија многубројни видеа на кои се гледаат поплавени метро -станици во Њујорк, автомобили заглавени во вода. По скалите и пероните на метрото се слеваат реки од вода
Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД). Во Њу Џерси, пак, е прогласена вонредна состојба поради обилни дождови и ризик од поплави.

Предупредување за поплави стапи во сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат престој во подруми и ниски простории.
Воздушниот сообраќај е парализиран, а на Меѓународниот аеродром „Кенеди“ се пријавени доцнења за полетувања за повеќе од три часа.
На социјалните мрежи се појавија многубројни видеа на кои се гледаат поплавени метро станици во Њујорк, автомобили заглавени во вода и реки од вода што се слеваат по скалите и пероните на метрото.
This happened anytime is rains hard in NYC .
— Viral News NYC (@ViralNewsNYC) July 15, 2025
The sewer drains New York City are horrible.
pic.twitter.com/MuitgAuuNz
Така, од објавените видеа на социјалната мрежа Икс се гледа како вода влегува во станицата на метрото на Менхетн, додека патниците се качуваат во вагоните. Водата достигнува речиси до прозорците на метрото.
Footage shows flooding at the 28th Street station in New York City on Monday night as slow-moving thunderstorms hit the Northeast. https://t.co/Vc92EvHrBI pic.twitter.com/2a6YocdyPc
— ABC News (@ABC) July 15, 2025
Патниците низ целата земја се соочуваат со прекини во патувањата, при што се откажани близу 2 000 лета.
Полицијата на државата Њујорк соопшти дека главниот автопат „Таконик“ е поплавен и затворен за сообраќај.
Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба поради ненадејни поплави и обилни врнежи од дожд во делови од државата.
„Ве молиме останете во затворен простор и избегнувајте непотребни патувања“,
им порача тој на граѓаните.