Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 70,50 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77,50 денари, а еуродизел за 71,50 денари
Од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер-98, како и на еуродизел и на екстра лесното масло за домаќинство, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Така, според РКЕ, нивната цена ќе се зголеми за 1,50 денари по литар.

Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 70,50 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77,50 денари, а еуродизел за 71,50 денари.
Цената за екстра лесното масло ќе изнесува 71 денар за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,063 денари, со што еден килограм ќе чини 40,472 денари.