Според неофицијални информации, сторителот и жртвите биле во роднинска врска, а едно од убиените лица е малолетник
Неофицијално, во прилепската населба Точила вчера се случило двојно убиство, по што сторителот на убиствата си го одзел животот. Според информации од медиумите, сторителот го извршил грозоморниот чин во својот дом, кога со огнено оружје отворил оган врз двете лица. По двојното убиство, сторителот се самоубил.
Според првичните информации, сторителот е вујко на едно од лицата, а меѓу загинатите е и малолетно лице – син на внукот на сторителот. Дел од медиумите јавија и дека на местото на настанот реагирале и специјалните единици на полицијата и оти сторителот користел и експлозивна направа.
Официјални информации од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство се очекуваат во текот на денот.