Претходно беше објавено дека најмалку двајца членови на екипажот се повредени, а двајца се водат како исчезнати во нападот на хутите врз грчки товарен брод кај Јемен синоќа, неколку часа откако проиранската милитантна група објави дека потопила уште еден товарен брод во Црвеното Море во претходен напад

Двајца членови на екипажот на товарниот брод „Етернити Ц“ со либериско знаме, управуван од грчка компанија, беа убиени откако беа нападнати од беспилотни летала и глисери кај Јемен синоќа, изјави либериска бродска делегација на состанокот на бродската агенција на ОН – ИМО.
Овие смртни случаи, први од јуни 2024 година, го зголемуваат вкупниот број на морнари убиени во напади врз бродови во Црвеното Море на шест.
Претходно беше објавено дека најмалку двајца членови на екипажот се повредени, а двајца се водат како исчезнати во нападот на Хутите врз грчки товарен брод кај Јемен синоќа, неколку часа откако проиранската милитантна група објави дека потопила уште еден товарен брод во Црвеното Море во претходен напад.
At least two crew members were killed following an attack by Houthis on a Greek 🇬🇷 managed cargo ship off Yemen 🇾🇪 on Monday, hours after the Iran 🇮🇷 aligned group said an earlier assault had sunk another bulk carrier in the Red Sea.
— Saad Abedine (@SaadAbedine) July 8, 2025
Monday’s attack 50 nautical miles southwest… pic.twitter.com/TszsxbOpRe
Нападот од понеделникот, кој се случи 50 наутички милји југозападно од пристаништето Ал-Худајда, беше втор напад врз трговски брод во виталниот бродски коридор од ноември 2024 година, изјави официјален претставник на европската мисија Аспидес, која ги штити бродовите во Црвеното Море.
Товарниот брод „Етернити Ц“, со 22 члена на екипажот – 21 Филипинец и еден Русин – и вооружени чувари, беше нападнат од поморски беспилотни летала и рачни фрлачи на гранати испукани од моторни чамци, соопштија изворите.
Безбедносни извори изјавија дека бродот, кој не носел товар, претрпел голема штета. На екипажот му било наредено да го напушти бродот, но чамците за спасување биле уништени, изјавија два извори.
Бродот пловел по морето без контрола, изјави претставник на Аспидес. Во времето на инцидентот немало бродови на мисијата во близина. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.