Независните здруженија од неодамна алармираат дека со потенцијалното усвојување на измените на Изборниот законик, со кои се зголемува бројот на потписи за нивно учество на изборите, се врши напад врз демократијата од страна на сите парламентарни партии за повторно носење на измените кои Уставниот суд неодамна ги укина
Независните граѓански иницијативи најавија дека денеска во 14 часот ќе остварат средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на која, како што велат, од неа ќе побараат да не го потпишува указот за прогласување на законските измени на Изборниот законик, во случај тие да бидат изгласани во Собранието.

„Со овој закон драстично се зголемува бројот на потписи за кандидатура на локалните избори и се ограничува уставно загарантираното право секој граѓанин да може да се кандидира и да биде избиран“,
велат независните граѓански иницијативи.
Додаваат дека од шефицата на државата ќе побараат да застане во одбрана на основното демократско право.
Независните здруженија од неодамна алармираат дека со потенцијалното усвојување на измените на Изборниот законик, со кои се зголемува бројот на потписи за нивно учество на изборите, се врши напад врз демократијата од страна на сите парламентарни партии за повторно носење на измените кои Уставниот суд неодамна ги укина.
Уставен неодамна ги укина членовите од Изборниот законик со кои се зголемија квотите на граѓански потписи кои требаше да ги соберат независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори.