Во акцијата се спасени повеќе од 850 луѓе, но пребарувањата по исчезнатите и евакуациите се во тек. Се очекува бројот на жртви да се зголеми
Најмалку 78 лица загинаа во поплавите во Тексас, меѓу кои 28 се деца, пренесува Ројтерс.
Спасувачките екипи веќе четврти ден ги пребаруваат речните корита, но и со авиони го надлетуваат поплавениот дел на централен Тексас, барајќи десетици луѓе што се уште се водат како исчезнати од катастрофалните поплави.

Најтешко е погоден округот Кер, каде што загинаа 68 лица. Уште 10 лица загинаа во други делови од сојузната држава, а 41 лице се води како исчезнати.
Поплавите го погодија и летниот камп за девојчиња „Мистик“, каде исчезнаа 11 девојчиња и една вработена во кампот.
Претседателот Доналд Трамп изрази сочувство до семејствата на жртвите и најави посета на областа.
Инаку, пребарувањата по исчезнатите и евакуациите се во тек, а се очекува бројот на жртви да се зголеми.
Во акцијата се спасени повеќе од 850 луѓе.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби е активирана, а хеликоптери и авиони на американската крајбрежна стража учествуваат во спасувачките операции.
Поплавите се предизвикани од реката Гвадалупе, која се излеа од коритото поради обилните дождови во централен Тексас, што се случија на 4 јули.