Пожарите беа активни и во текот на вчерашниот ден

Утринава во земјава активни се три пожари, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Пожарите беа активни и во текот на вчерашниот ден.
Според информациите, сѐ уште е активен пожарот кај селото Бешиште во Општина Прилеп, каде гори приземна квалитетна мешана шума.
Активен, според ЦУК, е и пожарот кај селото Црешнево, месност Церо Поле, во Општина Македонски Брод. Во овој предел горат деградирана дабова шума и грмушки.
Денеска активен е и пожарот во Општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка. Станува збор за шумски пожар каде, како што велат од ЦУК, моментално нема активен пламен, но присутен е само чад во карпест предел.